ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Пожар над Опеница, гори смрека и борова шума – пожарникарите се на терен

Охрид, 25. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на охридската Противпожарна единица, со две возила и соодветен број пожарникари од вчера го гасат пожарот, кој во попладневните часови избувна над селото Опеница, на потегот кон Расино.

Селото се наоѓа на осум километри од Охрид, а силниот чад се шири накај градот. Најмногу се почувствува синоќа после 22:00 часот, кога ветерот го носеше чадот кон Охрид.

Од Противпожарната единица велат дека со помош на екипи од шумското претпријатие се справуваат со огнената стихија.

Горат смрека и борови, но поради тешко пристапниот планински терен, гаснењето на пожарот во шумата е отежнато. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави