Избор Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Богослужба и литургии за празниците Голема Богородица и Св. Јоаким Осоговски

Охрид, 27. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – По повод претстојните празници, Успение на Пресвета Богородица и Св. Јоаким Осоговски, во неколку охридски храмови ќе има богослужба и литургии, информираат од Дебарско-кичевската епархија.

Денес од 17:00 часот во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ Каменско ќе се служи празнична вечерна богослужба со опело на „Пресвета Богородица“, по повод храмовиот празник „Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица“.

Утре, 28-ми август, во овој храм со почеток во 08:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј. (Едноцрквие).

В четврток на 29-ти август во манастирот „Св.Климент и Св.Пантелејмон“ на Плаошник со почеток во 08:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Неракотворен образ на Господ Исус Христос и преподобен Јоаким Осоговски“, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави