Вечерва извлекување на добитникот во наградната игра „Тамаро“ и Витаминка се СУПЕР бренд, одиме во Дизниленд!
Охрид, 31. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Пред маркетот на „Тамаро“ во склоп на поранешната фабрика „Братство“ денес ќе се одржи големото извлекување на наградите од последниот МЕГА проект „Тамаро“ и Витаминка се СУПЕР бренд, одиме во Дизниленд.
Покрај другите награди, најатрактивна секако е првата награда, односно посетата на Париз, градот на светлината и секако неповторливиот Дизни Парк.
Изминативе два месеци, купувачите во охридските „Тамаро“ маркети зедоа активно учество во оваа наградна игра. Со едноставно купување на највкусните „Стоби флипс“ и испраќање на личните податоци и кодот на сметката по SMS или оставање во некоја од посебно обележаните кутии, кои беа поставени во сите маркети во Охрид и Струга, тие веќе стануваа потенцијални добитници на некоја од наградите.
Вечерва со почеток во 19:00 часот е големото финале од наградната игра, за која правилата беа претходно јавно објавени и важеа за сите учесници.
– Покрај главната награда – патување во Дизниленд, ќе имаме и богати награди за нашите купувачи. Втора награда е микробранова печка како и трета голем пакет со Витаминка производи. Ќе има многу забава, дружење и подароци. Повелете, Ве очекуваме, порачуваат од „Тамаро“.
Наградите во живо преку видео streaming на официјалната Facebook страна на „Тамаро“ ќе ги доделува познатиот глумец Горан Стојаноски, кој е заштитно лице на овој проект.
Време е за Париз, време е за Дизниленд. Побрзајте. „Тамаро“ и Витаминка се СУПЕР бренд, одиме во Дизниленд! (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |