Забава Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Јубилеен концерт по повод 10 години постоење на Ансамбл Билјана

Охрид, 1. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во предворјето на црквата „Св. Софија“, во петок, на 6-ти септември ќе се одржи јубилеен концерт по повод 10 години од формирањето на подмладокот на Ансамблот Билјана.

– На концертот заедно со нас ќе настапат и нашите пријатели: Горан Папаз, Емилија Колоска, група Камелеон и Мартина Костова. Стартот е во 20:00 часот, а влезот за сите посетители е слободен, информираат организаторите.

No photo description available.

Оригиналната постава на ансамблот „Билјана“ престана да работи во 2002 година, но желбата да се остави нешто зад себе на музички план е желба на секој музичар, па така во 2009 година Кузман Поп-Стефанија, заедно со својот внук Јован го формираат подмадокот на „Билјана“ кој активно работи, како на полето на староградската охридска, македонската народна и музиката од целиот Балкан. Групата работи под негово менторство се` до неговата смрт во 2013 година. Покрај сегашните членови членувале и Ангел Дулевски, Петар Паскали, Стефан Здравевски и Виктор Јолаковски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави