Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Изложба „Борба и страдање. Полските граѓани за време на Втората светска војна“ во Охрид

Охрид, 2. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Амбасадата на Република Полска во Скопје, почесниот конзулат на Република Полска во Охрид и охридскиот Центар за култура „Григор Прличев“ ја организираат изложбата „Борба и страдање. Полските граѓани за време на Втората светска војна“.

Изложбата е подготвена од полското Министерство за надворешни работи и Музејот на втората светска војна од Гдањск за одбележување на 80-годишнината од избувнувањето на војната која започна со нападот на нацистичка Германија на Полска. Овој најголем вооружен конфликт во историјата донесе огромни човечки и материјални загуби, а исто така имаше големо влијание врз политичките и територијалните промени во Европа по 1945 година.

– Нашата изложба ја раскажува историјата на полската борба против тоталитарниот режим, копнежот по слобода и хероизмот да се спасат други, храброста на војниците и обичните луѓе, заедничка борба против непријателот и борбата за слобода на другите земји – сето ова го заслужува нашето сеќавање, порачуваат организаторите.

Изложбата ќе биде отворена вечерва со почеток во 19:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави