Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Женскиот центар „Бисера“ ќе го одбележи Меѓународниот ден на таткото

Охрид, 2. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Женскиот центар „Бисера“ од Охрид и годинава, традиционално ќе го одбележи Меѓународниот ден на таткото.

– По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на таткото, петок 13-ти септември 2019 година објавен е награден конкурс за ликовни и литературни творби на тема „Татко“. На конкурсот можат да се јават ученици од сите основни училишта на територијата на општина Охрид. Ликовните и литературни творби треба да се доставуваат во своето училиште каде ќе бидат преземени од задолжен наставник од училиштето. Исто така, на конкурсот можат да учествуваат и најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“.
Конкурсот ќе трае до 10-ти септември 2019 година, информираат од „Бисера“.

Манифестацијата по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на таткото ќе се одржи на 13-ти септември во ОУ „Свети Климент Охридски“ во Охрид, со почеток во 18:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука