Избор ОБРАЗОВАНИЕ ТОП ВЕСТИ

Во тек се пријавувањата за првиот уписен рок во УИНТ „Св. Апостол Павле“

Охрид, 2. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, во тек се пријавувањата за првиот уписен рок, кој трае и утре, 3-ти септември.

– Кандидатите можат да се пријават на следните програми: Компјутерски науки и инженерство; Комуникациски мрежи и безбедност; Машинска интелигенција и роботика; Применети информатичко-комуникациски технологии (е-влада, е-бизнис, е-култура); Информатички системи, визуелизација, дигитална мултимедијална и анимациска техника; Информациски и комуникациски системи за бизнис и менаџмент, информираат од УИНТ „Св. Апостол Павле“.

Додаваат дека вториот уписен рок е на 16-ти и 17-ти, а третиот на 27-ми септември. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави