Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Во охридските училишта сите запишани првачиња примиле МРП вакцина

Охрид, 3. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во охридските основни училишта нема нeзапишани првачиња поради непримена МРП вакцина.

Директорите на училиштата за Супер радио и OhridPress потврдија дека сите запишани првоодделенци се со доставена медицинска потврда за извршена имунизација, а увид и проверка на документацијата направиле и инспекциски служби.

Единствено во ОУ „Христо Узунов“ има два случаи да се запишани дечиња со непримена МРП вакцина заради здравствени проблеми, за што родителите доставиле и медицинска белешка.

Во учебната 2019/2020 година во Охрид се запишани вкупно 483 првачиња.

По ширењето на заразата од мали сипаници во текот на минатата учебна година беше прогласена и епидемија на територијата на целата држава, по што беше донесена одлука во градинките и училиштата да се примаат и запишуваат деца само со приложен вакцинален картон.

Министерството за здравство минатата недела соопшти дека вакцинацијата со МРП-вакцина во целата држава е 98 проценти. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави