Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 26. степени
Охрид, 4. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми, а во западните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд, со ретки грмежи. Ќе дува умерен ветер од северен правец.
УВ индексот има вредност 6, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 26. степен.
– До четврток ќе биде претежно стабилно и суво. Од петок ќе има зголемена облачност, повремен локален дожд, а дневните температури ќе бележат постепено опаѓањe, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |