Охрид, 4. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – На охридскиот Факултет за туризам и угостителство (ФТУ) во првиот уписен рок се пријавиле вкупно 142 кандидати.
За оваа академска година според конкурсот има место за 300 нови бруцоши. По 50 места има на насоките туризам и царина и шпедиција, 45 за менаџмент во услужен сектор, а по 40 на осигурување, гастрономија и хотелско-ресторански менаџмент. Активни се и студиските програми на англиски јазик, на насоката туризам 10, а на царина и шпедиција 25 студенти.
Според објавената прелиминарна ранг листа најмногу интерес идните академски граѓани покажале за насоката царина и шпедиција, каде скоро е пополната квотата.
Редовните студенти запишани во државна квота ќе плаќаат партиципација од 200 евра, редовни со кофинансирање по 400, односно 600 евра, а вонредните студенти ќе платат партиципација од 400 евра.
Вториот уписен рок ќе се реализира на 13-ти и 16-ти септември, а третиот на 24-ти септември. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива