Економија Избор ТОП ВЕСТИ

Само денес Wizz Air нуди 20% попуст за било која дестинација

Скопје/Охрид, 4. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Wizz Air, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа и лидер на авио-пазарот во Македонија, денеска го објави својот еднодневен промотивен попуст од 20% на цената по седиште.

Понудата важи за сите резервации на летови кои ќе бидат направен денес, 4-ти септември, до полноќ. Попустот важи за сите резервации направени денес и се однесува на било која од од 149-те WIZZ дестинации.

Во Македонија, Wizz Air нуди вкупно 38 правци до 16 земји од своите два аеродроми во Скопје и Охрид, обезбедувајќи пристап од земјата до Европа и пошироко, овозможувајќи бизнис и останати патувања.

Само оваа година, WIZZ започна да оперира на 4 нови дестинации од Скопје до: Баден-Баден, Бремен, Ларнака и Турку, како и 4 нови дестинации од Охрид до: Малме, Милано, започнато во март 2019, Дортмунд започнато на почетокот на Јули и Меминген во август. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави