Избор Локална самоуправа

Презентирана можноста општина Охрид да го имплементира ГИС системот

Охрид, 5. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Компанијата „Интелегент нетворк солушн“ ја презентираше можноста општина Охрид да биде дел од ГИС системот.

На презентацијата присуствуваше и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

ГИС системот нуди дигитализација во урбанистичката сфера, инфраструктурата, водоводната и канализациона мрежа. Со тоа, процесите за издавања на документации би се забрзале, а граѓаните би имале целосен увид и информации.

Ваквиот систем до сега го имаат имплементирано повеќе општини, јавни претпријатија и Агенцијата за катастар на недвижности. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави