ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Дрска кражба во маркет на „Тамаро“: Со камен скршена влезната врата (Видео)

Охрид, 5. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Бегалец од затвор извршил 12 тешки кражби во Охрид… Двајца охриѓани извршиле 14 кражби… За 20 дена, 14 кражби во Охрид…

Ова се само дел од насловите во медиумите периодов наназад. Иако летово сообраќајките доминираа во полицискиот билтен, сепак кражбите секое лето се меѓу најдоминантните кривични дела кои се пријавуваат во охридската полиција.

Ноќеска, нешто по 03:25 часот, во маркет на „Тамаро“, лоциран на улицата „7-ми ноември“ се случи кражба, која отскокнува по дрскоста и начинот на кој е изведена истата.

Одговорните доставија видео на кое јасно се гледа дека во кражбата учествуваат две лица, од кои едното со голем камен го крши стаклото на влезната врата, по што влегуваат и го извршуваат делото.

**Снимките се од безбедносните камери на компанијата и се лично доставени до медиумот

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави