Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Вечерва стартува 26-то издание на фестивалот „Охрид Фест – Охридски трубадури“

Охрид, 5. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – На Градскиот Кеј, пред хотелот „Нова Ривиера“, вечерва започнува 26. издание на Интернационалниот музички фестивал „Охрид Фест – Охридски трубадури“.

Во официјалната програма на Фолк вечерта, која ќе започне во 20:00 часот се наоѓаат 18 песни кои ќе ги исполнат познатите македонски интерпретатори, а своја шоу програма, ќе има Благоја Грујовски,
кој ќе го промовира неговото најново ЦД.

Утре вечер, на шести септември, сцената ќе биде отстапена на поп изведувачите. Поголем простор за афирмација и е даден на новата, млада генерација пејачи, а наградените ќе се најдат и на третата Интернационална вечер на Фестивалот. Меѓу изведувачите на Фолк вечерта се и Петар Нечовски, Нино Величковски, Благица Павловска и Мирко Ветеровски, а на Поп вечерта и Дуо Маротов, Биба, Лепа, Деспина Спасовска…

Во сабота, седми септември, е секогаш извонредно атрактивната Интернационална вечер на која, освен наградените песни од Поп вечерта, ќе учествуваат и познати пејачи од регионот и од Европа. Меѓу нив се и дуетот Маја Оџаклиевска & Срѓан Марјановиќ, Марко Кон (Србија), Рената Мохорич, Горан Шарац (Словенија), Лорена, Теди Грубица (Хрватска), Клаудија, Авењу, Дуо Заки (Бугарија), Славен Кнезовиќ и Анѓелко Ано Ѓурашевиќ (Црна Гора), Аида Дочи (Косово), Толис Дамјанос (Грција) и Slim Prince (Шведска). Специјалното шоу на вечерта е на познатиот шведски мелодиски рок пејач Jim Jidhed.

Љубителите на музиката кои деновиве не се во Охрид, Фестивалот ќе можат да го проследат преку директен пренос на МТВ, додека преку ИН, сателитската австралиска телевизија,Фестивалот ќе можат да го следат и гледачите од Америка, Австралија и Канада. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави