Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Презентирани скици од новиот споменик за жртвите од потонувањето на бродот „Илинден“

Охрид, 5. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Со полагање цвеќе на спомен обележјето на Градскиот кеј, денес се одбележа 10 годишнината од потонувањето на бродот „Илинден“ во водите на Охридското Езеро, при што животот го загубија 15 бугарски туристи.

Цвеќе положија општинска делегација предводена од заменик-градоначалникот Ристо Николески, амбасадорот на Република Бугарија Ангел Ангелов и генералниот конзул Димитар Иванов, претставници на Капетанијата на пристаништата, Здружението на граѓани „5-ти септември“.

– Самата несреќа е дел од заедничката историја на Бугарија и Република Македонија, независно дали е за добро или лошо. Позитивно е што двете држави покажуваат единственост во нивниот однос кон една трагедија. И на крајот, степенот на зрелост на едно општество е мери со почитта кон мртвите. Верувам дека наскоро Општина Охрид ќе донесе одлука за изградба на споменик што на достоен начин ќе ја отсликува почитта кон бугарските граѓани што загинаа во езерото, истакна амбасадорот Ангелов.

Ниту еден од капетаните на бродовите после несреќата не е ист во својата психа и свест, таа е далеку на повиско ниво, постојано ги следи мислата дека опасноста е тука. Наше е колку истата ќе ја превенираме, рече Капетанот на охридската Капетанија, Горан Устијаноски.

– Бродовите сега се во одлична состојба, има новоизградени, ремонтирани бродови што се под најстрог можен надзор од класификациското друштво. Најважното нешто е што има промена во свеста на сите учесници во водниот сообраќај, додаде Устијаноски.

На одбележувањето на една деценија од големата трагедија беа презентирани и скици од новиот споменик, кој е изработен, а ќе биде поставен откако ќе помине како одлука на Совет и усвојувањето на новиот план за споменици и спомен обележја.

Несреќата се случи на 5-ти септември 2009 година, во 10:33 часот, кога на околу 200 местри од брегот на езерото кај автокампот „Елешец“ се преврте и потона туристичкиот брод „Илинден“. Притоа загинаа 15 од 56-те патници, туристи од соседна Бугарија, кои патуваа на излет во Свети Наум. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави