Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Комисијата за избори и именување ја разреши Катица Јанева

Скопје, 5. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Комисијата без дискусии  со едногласна одлука му предложи на Собранието да ја разреши Катица Јанева за нестручно и несвесно работење.

Сега одлуката на Комисијата оди кај Талат Џафери кој треба да закаже пленарна седница на усвојување на предлогот за разрешувањена Катица Јанева што треба да има 2/3 мнозинство плус бадентер, јави Тв Сител.

Потоа Советот на Јавни обвинители треба на седница да ја разреши Катица Јанева.

Илија Димовски изјави дека материјалот кој го добиле од Советот бил многу уверлив.  (Крај)

извор: Тв Сител фото: МИА

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави