Избор ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривични за три лица од Охрид поради напад врз службено лице

Охрид, 5. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 42-годишниот М.Д. и пет години постариот К.Д., двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.

– Кривична пријава заработи и 40-годишниот И.А. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствије“. Делото го направиле на 28-ми август 2019 година, на улицата „Сатеска“ во Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави