Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Катица Јанева со ново писмо од притвор поднесе оставка

Скопје, 5. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Специјалната обвинителка Катица Јанева со ново писмо од затворот Скопје го известила Советот на јавни обвинители дека ја активира условената оставка поднесена на 15-ти јули, јави Тв Сител.

Од Советот на јавни обвинители неофицијално соопштуваат дека знаат за поднесената оставка, но официјална потврда нема бидејќи писмото било испратено доцна попладнево.

Оставката која Јанева ја напишала рачно, доаѓа во ист ден со одлуката на Комисијата за избори именувања која едногласно реши да му предложи на Собранието да ја разреши.

Јанева и вчера напиша писмо со кое побара СЈО да му ги предаде сите предмети на Јавното обвинителство. Во јули на денот на апсењето на Боки 13, Јанева поднесе одложена односно условена оставка, најавувајќи дека ќе се повлече штом партиите изберат нов специјален обвинител.

Од Советот на обвинители велат дека независно дали Јанева поднела оставка собранието ќе мора да гласа за нејзино разрешување бидејќи таква е процедурата пропишана со закон. (Крај)

извор: Тв Сител/Славица Арсова фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави