Избор Свет

Почина Роберт Мугабе, поранешниот претседател на Зимбабве

Хараре, 6. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 95-годишна возраст почина Роберт Мугабе, првиот претседател Зимбабве откако оваа африканска земја ја стекна својата независност, пренесе Би-Би-Си.

Мугабе почина по повеќегодишна болест, потврди неговото семејство.

Тој беше лидер на движењето за ослободувањето на Зимбабве од владеењето на белото малцинство.

Беше соборен од власта во текот на воен удар, во ноември 2017 година, по три децении неприкосновено владеење, период во кој тој прерасна од омилен херој на ослободувањето на земјата до омразен диктатор. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави