Спорт

Македонската репрезентација се враќа со бод од Израел (видео)

Бер Шева, 6. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Македонската фудбалска репрезентација одигра 1:1 со Израел на гостувањето во Бер Шева во меч во кој можеше да се врати дома и со полн плен.

Со второто реми во пет меча, Македонија е на четвртото место на табелата во групата Г со 5 поени (колку што има и Словенија со меч помалку), додека Израелците пропуштија шанса да се доближат до убедливите лидери Полска и остануваат втори со осум поени. Следен предизвик за Македонија е гостувањето кај аутсајдерот Летонија веќе в понеделник.

Во првото полувреме, Израел во поголем дел ја имаше топката во своите нозе, но без многу изгледни шанси, иако во 24. минута ја сместија топката во мрежата на Димитриевски, но голот беше поништен поради играње со рака.

Целиот текст прочитајте го ОВДЕ

извор: Топспорт фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави