Избор Локална самоуправа Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Ватерполо турнир „Охрид 2019“

Охрид, 6. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во чест на Денот на независноста на Република Македонија, на Градското пристаниште во Охрид, утре со почеток во 12:00 часот ќе се одржи ревијалниот ватерполо турнир „Охрид 2019“.

Со тоа се продолжува иницијативата од минатата година, која има цел да се развие овој, некогаш многу популарен спорт во Охрид.

На натпреварите кои ќе се одржуваат и во недела од 11:00 часот се пријавени учесници од Холандија, Хрватска, Црна Гора, БиХ, Србија, како и ветераните од „Охридски бранови“, Штип, Струга и „Вардар“. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави