Спорт

Андреску ќе ја предизвика Серена во финалето на Ју-Ес опен

Њујорк, 6. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Бјанка Андреску од Канада и Серена Вилијамс од САД на 7 септември ќе играат во финалето на последниот тениски гренд-слем во сезоната, Ју-Ес опен.

Андреску на американската турнеја игра во извонредна форма, што покажува и нејзиниот пласман во финалето на турнирот во Њујорк. Претходно таа победи на Роџерс купот во Канада.

Канаѓанката, инаку 15 носителка на турнирот, во полу-финалето успеа да ја совлада Швајцарката Белинда Бенчиќ во два сета со 7/6, 7/5.

Противничка на Андреску во финалето ќе и биде освојувачката на 23 гренд-слем титули, Серена Вилијамс.

Целиот текст прочитајте го ОВДЕ

извор: Топспорт фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави