Избор Свет

Хрватска враќа во служба 2.000 пензионирани полицајци

Загреб, 6. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – За прв пат од војната, Хрватска враќа 2 000 пензионирани полицајци во служба заради мигрантите и потребата од зголемена гранична контрола.

Иницијативата ја покренало Министерството за внатрешни работи, пред се ’ поради повеќегодишната мигрантска криза и потребата од засилена гранична контрола, пишува загребачки „Јутарњи лист“.

Во владината удредба , меѓу другото, се наведува дека Хрватска ќе претседава со Советот на Европа во првата половина на следната година, што исто така ќе бара ангажирање на повеќе полициски сили за обезбедување и заштита на лица и објекти, а тоа можат да го работат, како што се наведува, само оспособени резервни полициски службеници. (Крај)

извор: 24 инфо фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави