Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Јовески го прифати барањето на Катица Јанева: Сите предмети на СЈО одат во Јавното обвинителство

Скопје, 6. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески го прифати барањето кое шефот на СЈО, Катица Јанева, го испрати од затворот „Шутка“, – сите предмети на СЈО одат во Јавното обвинителство без разлика во која фаза се, судски процес истргата или предистрага.

Со ова обвинителите од СЈО остануваат без работа.

– Ваквиот став е заснован на уставната положба на Јавното обвинителство како единствен државен орган надлежен за гонење на сторителите на кривичните дела и на други со закон утврдени казниви дела, начелото на легалитет на кривичното гонење, според кое јавниот обвинител е должен да преземе кривично гонење, ако постојат докази дека е сторено кривично дело за кое се гони по службена должност, како и обврската во име на општеството да се грижи за ефикасноста на кривично-правниот систем, почитувајќи го принципот на правна сигурност на граѓаните како темелна вредност на владеењето на правото.
Постапките по конкретните предмети ќе продолжат во надлежните јавни обвинителства, стои во соопштението кое го објави Обвинителството. (Крај)

извор: ВОА фото: ВОА

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави