Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривична за стружанец поради напад со остар предмет врз друго лице

Струга, 6. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 37-годишниот И.Т. од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

– На 27-ми август 2019 година, на улицата „ЈНА“ во Струга, по претходна вербална расправија, пријавениот се обидел со остар предмет да го нападне 34-годишниот Ј.Ч. од Струга, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави