Економија Избор ТОП ВЕСТИ

Од „Тамаро“ го возвраќаат „ударот“: СКРШИ ТУКА (Фото)

Охрид, 6. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Само еден ден по кражбата во еден од маркетите, за која многу се зборуваше на социјалните мрежи, од „Тамаро“ информираат дека оштетувањата се санирани и дека маркетот работи нормално и со полн капацитет.

На вратата на маркетот, наместо досегашниот натпис ВЛЕЗ ТУКА, сега стои натпис СКРШИ ТУКА.

– Сакаме да апелираме до одговорните лица да поведат повеќе сметка за безбедноста, сторителите веднаш да се фатат и да бидат соодветно санкционирани. Ние и нашите колеги секојдневно сме на „мета“ на неодговорни поединци, на вербални напади врз нашите вработени, непристојно однесување и слично. Овој натпис нека биде потсетување за сите дека законот мора да важи за сите и сите мора да одговараме за своите постапки. Во нашите и во другите охридски маркети се вработени стотици луѓе, кои на чесен начин заработуваат за живот, велат од „Тамаро“.

Ноќта помеѓу 4-ти и 5-ти септември, нешто по 03:25 часот, во маркетот на „Тамаро“, лоциран на улицата „7-ми ноември“ се случи кражба, која отскокнува по дрскоста и начинот на кој е изведена истата. Одговорните доставија видео на кое јасно се гледа дека во кражбата учествуваат две лица, од кои едното со голем камен го крши стаклото на влезната врата, по што влегуваат и го извршуваат.

Веста и видеото се меѓу најкоментираните изминатите 24 часа на OhridPress. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави