Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајка во Охрид, повредено едно лице

Охрид, 7. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 6-ти септември 2019 година, во 20:20 часот било пријавено дека во Охрид на крстосницата од улицата „Сирма Војвода“ со улицата „Лазо Трпоски“ се случила сообраќајна незгода во која е повредено едно лице.

– Патничко моторно возило „Југо корал“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 30-годишниот В.М. од Охрид удрило во 55-годишната Ј.М. од Охрид, која била пренесена во Општата болница Охрид за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави