Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Продолжен викенд: Охрид повторно полн со туристи (Фото)

Охрид, 8. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Продолжениот празничен викенд направи Охрид повторно да биде полн со туристи од земјата и светот.

Уште во петокот реки возила, претежно домашни гости, меѓу кои доминираат од Скопје, Битола и Прилеп пристигнаа во градот, каде се сместија во сопствените станови, а помал број и во хотелите и приватното сместување. Денес бројните посетители го искористија убавото и релативно сончево време за прошетка покрај езерото, но и кафе или ручек во некој од познатите охридски кафе барови или ресторани. Од странските туристи доминираат посетителите од Турција, Грција, Албанија, Србија и Бугарија.

Зад нас ја оставаме, можеби не најуспешната, тогаш сигурно најдолгата туристичка сезона, што беше последица пред се’ на убавото и топло време. Доколку одговорните излезеа и со соодветна понуда на културно-забавни и останати содржини, тоа сигурно ќе резултираше со уште поголем број гости кои се одмараат во градот под Самуиловата тврдина.

Викендов го одбележаа настапите на Владо Георгиев на Антички театар, фестивалот „Охрид Фест – Охридски трубадури“, но и Ватерполо турнирот и 33-тиот Меѓународен атлетски маратон во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави