Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Започнуваат тренинзите во карате-до клубот „Минта“ од Охрид

Охрид, 9. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Од Шотокан карате-до клубот „Минта“ од Охрид ги известуваат сите членови дека тренинзите започнуваат од 11-ти септември и дека оваа сезона ќе се одржуваат во салата на Средното економско училиште во Охрид.

Карате школата на клубот е отворена за сите кои се заинтересирани да ги изучуваат тајните на каратето како вештина и спорт. Пријавувањето и запишувањето може да се врши за време на тренинзите секој понеделник, среда и петок од 19:30 до 20:30 часот.

– Вежбајќи карате децата од најрана возраст се здобиваат со  потребната самоконтрола, цврст карактер, издржливост и здрав дух. Родители овозможете му на вашето дете да спортува и да се развива во здрава личност со спортски друх. Почетниците кои успешно ќе ја завршат школата ќе се здобијат со жолт појас, вели инструкторот Боро Митрески – Минта, кој тренинзите ги врши заедно со асистент тренерот Митрески Бојан.

Сите заинтересирани можат да добијат дополнителни информации на телефонот: 075/211-953. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави