Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Охридскиот театар со „Стаклена менажерија“ вечерва гостува на фестивалот „Ристо Шишков“

Струмица, 10. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – По гостувањето на фестивалот „Гола месечина“ во Скопје и наградата за актерот Стрезо Стаматовски, охридскиот театар вечерва гостува на фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица.

Нашиот театар ќе ја изведе претставата „Стаклена менажерија” од Тенеси Вилијамс во режија на Софија Ристевска Петрушева. Во претставата играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска и Филип Кипровски.

Охридскиот театар и во 2015 година учествуваше на овој фестивал со претставата „Стари времиња“ од Харолд Пинтер, во режија на Нела Витошевиќ и освои награда за сензибилен и современ актерски израз, од асоцијацијата „Нета“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави