Избор ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривична за жител на Кукуречани кај кого на преминот „Св. Наум“ биле пронајдени амфетамини

Охрид, 10. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 49-годишниот Д.З. од селото Кукуречани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

– На 3-ти септември 2019 година, на Граничниот премин „Свети Наум“, при преглед на патничко моторно возило управувано од пријавениот, биле пронајдени и одземени амфетамини, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави