ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија ТОП ВЕСТИ Хроника

На социјалните мрежи се појави фотографија на која се тврди дека е Катица Јанева во затворот „Шутка“

Скопје, 10. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – На социјалните мрежи попладнево се појави фотографија на која се тврди дека е снимена Катица Јанева,  поранешниот прв човек на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во затворот „Шутка“.

Фотографијата е објавена на профилот Јован Кукузел на Facebook и во коментарот се наведува дека станува збор за Катица Јанева за време на прошетка во затворот „Шутка“ и дека фотографијата е направена денес, 10-ти ептември 2019 година.

Неодамна во медиумите беше објавена фотографија од Бојан Јованосвски (Боки 13) во затворот „Шутка“, што предизвика бројни контроли во затворот.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, попладнево го испратил барањето до СЈО за преземање на предметите од специјалното обвинителство, потврдуваат извори за ТВ21. Ова следува откако Катица Јанева од притвор испрати известување-полномошно со кое бара сите истраги, предмети и предистраги да ги преземе Основното јавно обвинителство. Од СЈО денеска преку соопштение информираа дека до нив не е пристигнато барањето од СЈО и додаваат дека неизборот на нов обвинител и недонесувањето на законот за ЈО ја загрозува работата и безбедноста на СЈО. (Крај)

извор: ОхридПрес/Тв21 фото: Јован Кукузел

 

 

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави