Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Годишнина од смртта на познатиот кујунџија Вангел Деребан

Охрид, 10. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден во 2013 година на 93-годишна возраст во Охрид почина Вангел Деребан, еден од најпознатите македонски кујунџии.

Деребан е роден во 1920 година во Струга од каде ја продолжува неколкувековната семејна кујунџиска традиција и го развива охридското филигранство.

Филигрански чирак бил уште од најрано детство. Тој беше шеста генерација филигрански мајстори на фамилијата Деребан.

Сребрената пеперутка позната по тв спотот „Купувајте македонски производи“ која се чува во националниот Музеј на Македонија ја има изработено неговиот татко Александар.

Тој е многу често застапуван во проспектите и други публикации за промоција на Охрид и Македонија. Добитник е на престижната Св. Климентова награда во Охрид во 2005 година, како и на Наградата за животно дело на првиот фестивал- Средновековен Охрид, во 2008 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави