Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Нема договор за СЈО и Законот за ЈО на средбата Заев-Мицкоски

Скопје, 11. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Околу три часот по полноќ, по расправа долга седум часа, заврши лидерската средба во Собранието на Република Македонија на која учествуваа премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со нивните преговарачки тимови.

Неофицијално, договор не е постигнат и остануваат разликите за иднината на СЈО и Законот за Јавно обвинитество. Власта понудила формирање на ново обвинителство на чело со Вилма Рускоска.

ВОА јави дека засега двете страни се согласни само дека СЈО е завршена работа и веќе непостоечка институција. Лидерската средба дојде откако преговорите кои траат со месеци завршија без никакво решение. Со Законот за јавно обвинителство треба да се реши статусот на СЈО, специјалните обвинители, предметите истрагите и клучните докази – т.н „бомби“.

До овој момент нема информација дали повторно ќе биде свикана нова средба и во кој формат ќе биде истата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: МИА

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави