Избор Свет

САД одбележуваат 18 години од нападите во 2001 година

Њујорк, 11. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Американците денеска ќе одбележат 18 години од терористичките напади на 11-ти септември 2001 година во Њујорк и Вашингтон.

На комеморацијата ќе присуствуваат претседателот Доналд Трамп и потпретседателот Мајк Пенс.

Речиси 3.000 луѓе загинаа во нападите на 11 септември 2011 година на Ал Каеда во Њујорк и кај Пентагон.

Десет години подоцна, во мај 2011 година, американските сили го убија лидерот на Ал-Каеда, Осама бин Ладен, во операција одобрена од тогашниот претседател Барак Обама. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави