Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

АВ Охрид четвртопласиран на Меѓународниот турнир „Георги Христов“ во Бугарија

Охрид, 11. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Кошаркарите на АВ Охрид се враќаат со освоено четврот место на Меѓународниот турнир „Георги Христов“, кој се одржа во бугарскиот град Ботевград.

Полуфиналниот меч го загубија од домаќините Балкан со 98-81, а натпреварот за бронза го загубија со 88-84 од тимот на Берое.

Токму со овој тим повторно се среќаваат овојпат на домашен терен во рамки на подготовките за новата сезона.

Натпреварите ќе се одржат в сабота и в недела од 16:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: КК АВ Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави