Економија Избор Струга ТОП ВЕСТИ

Во понеделник ќе се пушти во употреба новиот царински терминал на „Ќафасан“

Струга, 11. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во понеделник, на 16-ти септември, Царинската управа ќе го пушти во употреба новоизградениот царински терминал за стокови пратки на граничниот премин „Ќафасан“.

Реализацијата на Проектот „Реконструкција на објектите за царинење и инспекција на граничниот премин за патен промет Ќафасан и надзор на изведбата на проектот“, кој е финансиран од ЕУ преку ИПА 2013 во вредност од околу 2 милиони евра, започна во октомври 2017 година. Со изградбата на нов увозно-извозен царински терминал од 9.500 m2, пристапни патишта, објекти за царинење и други инспекциски органи како и реконструкција на постојните објекти Македонија обезбедува подобри услуги за економските оператори и побрз проток на стоката на најголемиот граничен премин со Република Албанија, како и олеснување на прекуграничните постапки.

На настанот ќе се обратат македонскиот премиер Зоран Заев, Семјуел Жбогар, Амбасадор на ЕУ во Македонија, министерката за финансии Нина Ангеловска и Ѓоко Танасоски, директор на Царинската управа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави