Забава Избор ТОП ВЕСТИ

МЕГА Продукција од Охрид го изработи спотот за песната „Цреши охридски“ на Александар Митевски и Драган Спасов-Дац (Видео)

Охрид, 11. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охридската МЕГА Продукција го изработи спотот за песната „Цреши охридски“ на Александар Митевски во дует со актерот Драган Спасов-Дац, која беше изведена на фестивалот „Охрид фест – Охридски трубадури 2019“.

Спотот, кој всушност е една емотивна видео разгледница од Охрид е снимен претежно во стариот дел на градот и во вистинско светло ги претставува неговите убавини и ја следи приказната на песната.

„Цреши охридски“ ја освои првата награда од жирито и втората награда од публиката на фестивалот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави