Избор ТОП ВЕСТИ

Започнува есенскиот циклус од едукативната програма „Време е за книга – Children`s Story Hour“

Охрид, 11. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот Црвен крст го најавува почетокот на есенскиот циклус од едукативната програма „Време е за книга – Children`s Story Hour“, кој ќе стартува на 19-ти септември 2019 година и ќе трае 15 недели.

Станува збор за програма која се спроведува повеќе од 10 години во рамките на програмските активности на Црвен крст Охрид и е наменета за деца од 4 до 7 годишна возраст.

– Оваа интересна програма овозможува поттикнување и развој на креативноста, емоционалната сигурност, хуманоста и солидарноста кај децата уште од најмала возраст. Тимот волонтери кои ја водат програмата, на забавен и интерактивен начин ја поттикнува љубовта кон книгата и знаењето и користењето на англискиот јазик кај дечињата. Користејќи ја детската литература на англиски јазик од библиотеката во Црвен крст Охрид, дечињата учат како да се грижат за книгите, да ги чуваат, изнајмуваат, читаат и враќаат. Преку песничките и друштвените игри се овозможува децата да се дружат меѓу себе и да ги јакнат комуникациските вештини. Катчето за креативни работилници нуди одлична можност за поттикнување на креативноста, истражување и користење нови материјали и техники. Покрај програмата за децата, оваа програма е надополнета со организирани дискусиони групи за родители. менторирани од страна на стручни лица од различни области, според потребите и желбите на родителите (педагози, психолози, педијатри, стоматолози, социјални работници…). Уписите се во тек и ќе траат до 17-ти септември. Пријавување за есенскиот циклус, освен во просториите на Црвен крст Охрид, секој работен од 08:00 до 16:00 часот може да се изврши и електронски со пополнување на соодветна апликација на следниот линк, информираат од Црвен крст Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави