Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес облачно време со услови за локален дожд

Охрид, 12. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне претежно во западните делови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен на места засилен северен ветер.

Maксималната температура во Охрид ќе се искачи до 26. степени.

– Од петок времето ќе биде стабилно и суво, до недела со умерен до засилен ветер од северен правец, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави