Избор Локална самоуправа

Се нивелираат шахтите на неколку улици низ градот

Охрид, 13. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – По налог на општина Охрид, екипи на ЈП „Нискоградба“, започнаа активности за нивелирање и промена оштетените капаци од шахтите.

Предвидено е во акцијата на булевар „Туристичка“ да бидат нивелирани 49 шахти, а дополнително ќе се изврши промена на оштетените капаци и нивелација на шахтите на дел од улиците „Јане Сандански“ до „Кеј Македонија“ и од „Кеј Македонија“ до улица „АСНОМ“.

Вкупната вредност на овие активности изнесува 1 200 000 денари.

Ваквата пракса ќе се применува и во иднина при секоја реконструкција на улиците низ општина Охрид. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука