Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светскиот ден за прва помош

Охрид, 13. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот Црвен крст и оваа година ќе го одбележи 14-ти септември, Светскиот ден за прва помош и ќе даде придонес кон промовирање на знаењата и вештините за првата помош, како хуманитарен чин и клучна компонента за еден посовремен и поширок пристап.

Црвен крст Охрид како едно од своите приоритетни залагања го има ширењето на знаењата и вештините за укажување на прва помош со цел тие да бидат достапни за сите како хуманитарен акт кој ги овластува луѓето да спасуваат животи и да помогнат во закрепнување од нагло настанати заболувања или повреди. Поседувањето на вештини за укажување на прва помош ги зголемува индивидуалните капацитите на секој човек за преземеање на брза акција за намалување или стабилизирање на сериозни повреди и ги зголемува шансите за преживување на повредениот.

По тој повод, утре на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“ и на градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“, во периодот од 10:00 до 12:00 часот тимовите на парамедици на Црвен крст Охрид ќе презентираат знаења и техники за укажување прва помош при различни повреди.

Покрај тоа во периодот од 09:00 до 14:00 часот во просториите на Центарот за култура ќе се одржи крводарителска акција, на која се очекува да бидат собрани 30-40 единици крв. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави