Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Поради дефект, делови од Охрид без вода

Охрид, 13. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Поради настанат дефект, неколкучасовен прекин во водоснабдувањето во делови од Охрид.

Без вода се жителите на улицата „Гоце Делчев“ до Здружение на возачи, вклучувајќи ги и сите споредни улици во Кошишта, Воска и Далјан.

Дефект на водоводната мрежа има и на улицата „Сирма Војвода“, па без вода ќе бидат граѓаните во населбата Видобишта и селото Лескоец. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

 

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави