ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охриѓанецот Кадри Селман продолжува да го разубавува Охрид со неговите украсни грмушки

Охрид, 15. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Oхриѓанецот Кадри Селман, вработен во „Паркови и зеленило“ на ЈП „Охридски комуналец“, создава убавина која плени, афирмирајќи го градот во вистинското светло.

Пред фигурите, кои Кадри ги обликува од украсните грмушки, застануваат охриѓани и гостите, испуштаат по некоја воздишка, честитаат, сликаат, прават селфи за спомен.

– Со мерак за градот Охрид, напиша тој на неговиот профил на Facebook.

Image may contain: tree, plant, sky and outdoor

Image may contain: plant, outdoor and nature

Image may contain: plant, flower, outdoor and nature

Image may contain: plant, tree, grass, outdoor and nature

Кадри Селман, е вработен во „Паркови и зеленило” на ЈП „Охридски комуналец”. Се` е негово, од идеја до реализација. Дури и самиот си купил специјални ножици.

kadriselmanКадри е уметник-самоук, вели, со две дипломи за средно образование. Завшил техничко-текстилно, но и електро-машинско училиште.

– Во ЈП „Охридски комуналец“ сум 32 години, а во „Паркови и зеленило“ полни 13. Фигури обликувам во текот на последниве 10 години. Работам сам, иако би сакал да имам помошник, на кого ќе му ја пренесам вештината на обликување фигури, вели Кадри. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Кадри Селман

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави