септември 16, 2019

Охрид, 16. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) во Охрид престојуваа германски новинари, кои реализираа информативно патување.

– Станува збор за Marina Siladji од „Fly Memmingen“, Theresa Vorleiter од HitRadio RT1, Stefan Walter и Josef Gruber од Mittelbayerische Zeitung, Simone Haefele од Schwabische Zeitung и Philipp Wehrmann од Augsburger Allgemeine. информираат од АППТ.

Image may contain: 4 people, people standing, sky, tree, shoes and outdoor

Додаваат дека интересот на новинарите од Германија произлегол од воведување на новата авионска линија Мемингем-Охрид, со што Охрид и Македонија стануваат поблиски и поатрактивни за германските туристи.

Image may contain: 3 people, people sitting, people eating, table, drink, indoor and food

– Информативното патување вклучува посета на Охрид и околината (Св Наум, Заливот на коските, изворите на Црн Дрим, Билјанини Извори), посета на Струга и Вевчани, како и разглед на културните и историските споменици. Во наредниот период очекуваме да направат и објават репортажи за бисерот на Македонија, а дополнително со промоција на дестинацијата ќе се иницира што повеќе германски туристи да ја посетат нашата земја, потенцираат од АППТ. (Крај)

извор: АППТ фото: АППТ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука