Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Рибарски мрежи пронајдени кај селото Калишта

Охрид, 17. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот од 20:00 часот на 16-ти, до 01:00 часот на 17-ти септември, при вршење на патролна дејност во водите на Охридското Езеро, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор „Охридско Езеро“ во водите на езерото, на околу 300 метри од брегот, кај селото Калишта, пронашле рибарски мрежи од тип кој е строго забранет за користење, со улов на риба – охридска белвица.

– Мрежите биле однесени во Полициската станица за Граничен надзор „Охридско Езеро“ за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави