Спорт

Федерер ќе игра до Вимблдон, а потоа…

Неапол, 18. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Роџер Федерер најавил дека ќе настапи на Вимблдон наредната година, но не бил сигурен дали потоа воопшто ќе го пријави учеството на некој друг турнир.

Швајцарецот осум од своите 20 гренд-слем титули освоил во Вимблдон. Оваа година во финалето против Новак Ѓоковиќ не реализира две меч-топки, а пота остана без титулата.

„Решив дека ќе играм до Вимблдон“, рекол Федерер и дополнил.„Сега треба да ја решам што понатаму, дали сакам да учествувам на Олимписките игри во Токио. Разговарав со својот тим, со сопругата. Одлуката ќе ја донесам за неколку недели“.

Швајцарецот ќе учествува на Лејвер купот (АТП куп).

„Таа одлука ја донесов во консултација со мојот фитнес-тренер. Вообичаено со подготовки започнувам на 4 декември, сега тоа ќе биде малку подоцна. Не ми е важно дали ќе бидам подготвен за АТП купот. Моја цел ќе биде Австралија опен“, рекол Федерер.

Швајцарскиот тенисер токму во Австралија, во 2018 година, ја освоил својата последна гренд-слем титула. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави