Спорт

Атлетико ја чека „старата дама“, ПСЖ без Мбапе против „кралскиот клуб“

Мадрид, 18. септември 2019 (ОХРИДПРЕС)Вчера започна новата сезона во Лигата на шампионите, а вечерва со натпреварите што ќе се одиграат во групите А, Б, Ц и Д ќе биде комплетирано првото коло. Дерби мечевите се играат во Париз и Мадрид, финалистот од минатата сезона Тотенхем ќе гостува во Атина, а во елитата ќе дебитираат фудбалерите на Аталанта.

Пари Сен Жермен ќе го пречека Реал Мадрид со многу кадровски проблеми, но во ништо подбра ситуација не е ниту клубот од Мадрид. Двајцата најскапи и најдобри играчи на „светците“ нема да бидат во составот, Мбапе е повреден, а Нејмар суспендиран. Шанса се отвора Икарди да го започне натпреварот.

На спротивната страна Зидан има еден куп повредени играчи, а суспендирани се Рамос и Начо. Тренерот на Реал најави дека најголемото засилување во летниот преоден рок Азар е подготвен да го започне натпреварот.

Целиот текст прочитајте го ОВДЕ

извор: Топспорт фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави