Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Dj Regie Rules со ремикс на победничката песна на Биба Додева од Охрид Фест „Како некогаш“ (Видео)

Охрид, 19. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Познатиот охридски Dj и продуцент Dj Regie Rules од Супер радио за крај на летото нуди обработка на една македонска песна, која деновиве е особено актуелна.

Неговиот најнов ремикс е оној на победничката песна „Како некогаш“, од последното издание на фестивалот „Охрид Фест – Охридски Трубадури“ на Биба Додева. Екипата на Супер радио изработи и спот за ремиксот, со дел од фестивалската изведба на Биба, но и дел од неповторливите убавини на Охрид.

Пејачката вели дека станува збор за автобиографска песна во која пее за љубовта на својот живот, која што ја загубила. На музиката и на аранжманот на моќната балада на Владимир Дојчиновски- Дојчин совршено легна приказната на текстот која ја напиша поетесата Ана Бунтеска.

– Песната е автобиографска, и на Ана, и моја и на сите оние кои што изгубиле некого. Инаку, Ана ја познавам од многу одамна. Јас сум еден од оние нејзини фанови, и го почитувам нејзиниот збор, нејзините песни сето она што таа го прави, изјави Биба за „Женски магазин“.

Инаку, Dj Regie Rules досега има изработено повеќе ремикси на теми од македонската поп музика и светската електронска музичка сцена, од кои дел, во изминатиот период се вртеа и низ голем дел од македонските радио станици.

Публиката во Охрид и Струга, но и низ целиот свет преку интернет, може да ја следи неговата авторска емисија Into the groove, секој вторник од 22:00 до 23:00 часот кога е вистинско време да го вклучите вашиот радио приемник на најслушаната локална радио станица Супер радио и да уживате во одбраните денс хитови на Dj Regie Rules. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука