Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривични за три лица од Битола кои извршиле низа кражби во Стар град

Охрид, 20. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Полицијата поднесе пријава против разбојникот кој летово изврши неколку кражби во Стариот дел на Охрид.

Поради постоење основи за сомнение дека е сторител на вкупно седум казнени дела од кои, две „кражба“, три тешка кражба“ и две „тешка кражба во обид“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.С. (27) од Битола. Со пријавата се опфатени уште две лица и тоа С.С. (49), како и Ѓ.Б. (47), исто така од Битола, поради сторени шест кривични дела „помагање“ и „поттикнување“.

Пријавениот В.С. казнените дела ги сторил во периодот од 11-ти август до 9-ти септември на улиците „Климентов универзитет“, „Кузман Капидан“, „Кочо Рацин“, „Кирил и Методи“ и „Нада Филева“ во Охрид, каде од повеќе куќи и апартмани одземал пари, мобилни телефони и други вредни предмети.

За време на извршувањето на кражбите второпријавената С.С. вршела обезбедување и набљудување на просторот околу куќите, додека третопријавениот Ѓ.Б. со возило ги превезувал и ги чекал на договорени места. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави